Хајди Клум повторно го имала најдобриот костим за Ноќта на вештерките

771

Хајди Клум повторно се надмина себеси и уште еднаш докажа зошто е кралица на Ноќта на вештерките.

Германската манекенка ја организирала својата 20-та забава по повод овој американски празник, на која пристигнала маскирана во морничаво зомби, а светските медиуми го прогласија нејзиниот костим за најдобар оваа година.

Хајди, по стариот обичај, го споделила процесот на настанување на костимот со своите обожаватели на Инстаграм, а за истиот биле потребни неколку часа работа.

Манекенката на својата њујоршка забава поканила бројни познати личности, а Инстаграм изутринава е преплавен со селфија со непрепознатливата Клум.

“Никој, но баш никој не го прави тоа подобро од неа”, се сложуваат обожавателите на славната Германка.