Потресна исповед на Марија Бутина која беше обвинета за шпионажа: „Затворот во САД беше тортура“

655

Русинката Марија Бутина која неодамна била пуштена од американскиот затвор во кој поминала 18 месеци откако била осудена за шпионажа, го опишала своето заточеништво како “мачење“.

Бутина за американската телевизија Си-Би-Ес изјавила дека во првата затворска институција во која била заточена во Вашингтон “сè вриело од бубашваби“ како и дека немало душек ниту пак ќебе за покривање.

“Тоа е тортура. Не е нормално едно човечко суштество да биде заточено 23, 20, 22 часа само со себе. Дали навистина мислите дека поради еден лист хартија треба 18 месеци да поминете во заточеништво, а од тоа четири месеци во самица?“ – рекла Бутина.

Таа додала дека во сето тоа ѝ помогнала вербата во Бог, кој, како што кажала “секогаш бил тука“.

Бутина (30) била уапсена во Вашингтон на 15-ти јули 2018-та година, непосредно пред состанокот на американскиот и рускиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп во Хелсинки.

Осудена била на 18 години затвор со обвинение дека како странски агент имала активност во САД во согласност со законите во САД кои тоа го налагаат.

Москва повеќе пати од Вашингтон барала да ја ослободат, а откако затврската канза ѝ истекла во месец октомври таа била депортирата во Русија.