Актерката Џејми Ли Кертис во интервјуто за магазинот Variety отворено зборува за својата борба со зависноста, а јавноста ја шокира со признанието дека одредено време се дрогирала со својот татко, актерот Тони Кертис.
Знаев дека татко ми има проблеми, но имав и јас, па ја делевме дрогата. Имаше периоди кога јас бев единственото дете што сакаше да зборува со него. Имав шест браќа и сестри, а сега имам пет. Мојот брат Николас почина од предозирање со хероин кога имаше само 21 година“, раскажа актерка.
Како што призна, со татка си делела кокаин.