Пејачката Лепа Брена се отвори и прозборе за бракот со екс тенисерот Боба Живојиновиќ и објасни зошто нивната љубов е специфична.
Веројатно затоа што сме јавни личности. Имавме судбинска љубов, поминавме низ убави и тешки моменти кои успеавме да ги надминеме“, вели Брена за српски „Стори“.
Лепа Брена следниот месец ќе слави 28 години брак со Слободан Боба Живојиновиќ со кога има два сина, Стефан и Виктор.
Ние сме луѓе кои многу работиме. Тоа што сме посветени еден на друг е тајната за успехот на нашиот брак. Боба е мажот од моите соништа, човек кој ги исполни сите мои желби. Ме изненадува со работи кои не се однесуваат на луксуз. Не сум личност на која и требаат такви работи. Ми треба прегратка, разбирање, топол крај, место каде ќе уживаме, каде ќе размениме приказни. Тој успеа да ги препознае сите мои емоции, да биде маж секогаш кога требаше“, вели пејачката