Наташа Беквалац: „ Сите ве чекам на „Профемина во Скопје“, ќе ви ја раскажам мојата животна приказна!“

674

Пејачката Наташа Беквалац на 27 ноември доаѓа во Скопје и ќе биде специјална гостинка на конференцијата за жени „Профемина„ која што ќе се одржи во хотел „Александар палас“.

Новосадската барбика во интервју за „Бесктејџ“ открива дека со нетрпение исчекува да дојде 27- ми за да се дружи со македонската публика за која вели дека и е една од подрагите.

Во рамки на разговорот,Беквалац ги покани и сите нејзини фанови да повелат на солистичкиот концерт кој што ќе го одржи на 14 февруари во Белград по повод 20 години кариера, а откри и дека на гостите на „Профемина“ ќе им ја раскаже својата приказна и преку неа ќе проба да одговори на прашањето „Што жените сакаат“.

Во видеото во продолжение погледнете зошто на 27 ноември сите треба да бидете на „Профемина“: