Жена претепана од кенгур додека го шетала кучето: Заработила 25 конци на лицето, се правела мртва за да ја остави на мир

744

Австралијката Дина заработила 25 коци на лицето откако речиси останала без око кога ја нападнал кенгур додека го шетала кучето.

“Притрчав за да го смирам кучето, но не сфатив дека кенгурот беше сокриен на три метра од мене, зад дрво”, рекла Дина. Животното ја нападнало од зад грб и ја турнало на земја.

Почнал да ја удира и да скока по неа. Одлучила да се прави мртва за да го измами, што на крајот успеало.

Се здобила со бројни повреди по лицето, рацете и нозете.