На снимка, која се појави на социјалните мрежи во Србија, прикажан e момент во кој белградските полицајци имаат краток разговор со мигрант, а набрзо потоа настанува мешаница и тие се обидуваат да го совладаат.
Како што пренесува српски „Телеграф“, сè се случило во продавница на улицата Крал Милан, од каде работниците пријавиле дека мигрант се обидувал да украде храна, поточно сирење.
Патролата пристигнала за кратко време, но мигрантот ги оттурнал полицајците, обидувајќи се да дојде до пиштолот. Сепак бил совладан и приведен.