Јелена Розга има нов дечко – Пејачката е во врска со 12 години помладо момче

773

Една од најпопуларните хрватски пејачки Јелена Розга (42) ова лето започнала љубовна врска со 12 години помладо момче од Белград.

Нејзиниот нов избраник се занимава со консалтинг услуги, а со пејачката се запознале преку заеднички пријател на една забава во Белград.

Розга инаку важи за една од јавните личности кои нема среќа во љубовта, па затоа вешто го крие од медиумите и јавноста.

Разликата од 12 години не им прави никаков проблем, тој ја чува и негува како никој маж досега. После Стјепан Хаусер кој за неа беше лош човек, повеќе од потребено и е момче кое е потполно спротивното од него, вели извор за српски „Стори“.

За потсетување Розга пред две години стави точка на врската со Стјепан Хаусер иако многумина им предвидуваа брак и семејство, но нивната врска не опстана.

Фото: Инстаграм