Повеќе од 500 гости беа на свадбената веселба на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ. Синот на Цеца и Аркан вчера го кажаа судбоносното „да“ во храмот „Свети Сава“ во центарот на Белград.
Меѓу познатите личности, новинарите ги уловија и Жељко и Јована Јоксимовиќ, Милан Калиниќ, Саша Матиќ, Аца Лукас…
На веселбата пристигна и министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ, кој им посака среќа и благосостојба.
На прашањето дали ќе запее, Дачиќ кој е познат по тоа што често се фаќа за микрофонот, на новинарите им одговорил:
Искрено, и мене ме интересира тоа.