Раскинувањата знаат да бидат тешки особено доколку си во основно училиште па мислиш дека никогаш повеќе во животот нема да најдеш нова љубов.
Токму тоа ѝ се случило на ова девојче чие “раскинување“ станало хит на социјалните мрежи поради ладнокрвниот коментар на нејзиниот брат.
„Вчера сестра ми ја остави нејзиното момче“ – пишувало над видеото кое било поставено на Твитер во кое ја гледаме девојката како неутешно плаче во прегратките на својот татко.
so my little sisters boyfriend broke up with her yesterday.. pic.twitter.com/9HrEu81oRr
— Amanduh (@amandak19997399) November 22, 2019
„Крис денес ѝ го скрши срцето“ – зборува таткото на видеото.
Потоа во кадар се појавува нејзиниот брат кој поради својот коментар насмеал над 800 илјади луѓе на Твитер.
„Па, тоа се случува во животот“ – одговорил малиот мудрец.
Не требало многу долго време да помине за да почнат урнебесните коментари на корисниците на социјалните мрежи.
„Кој го повредил ова мало момче“ – се пошегувала некоја девојка.
„Звучи како овој мал човек да проживеал тежок живот“ – рекол друг корисник.
„Твојот помлад брат е гангстер“ – напишало некое момче.