“Стави капа, ќе настинеш на ова ладно”: Дали мајките и бабите се во право?

604

Со векови наназад родителите ги предупредуваат своите деца да не зилегуваат надвор на студено време без шал, во тенка јакна или со влажна коса, за да не се разболат.

Дали станува збор за “бабини” приказни или навистина може да се разболиме ако сме изложени на ниски температури, па дури и на само неколку минути?

Еве што вели науката: Долготрајното изложување на ладно, најчесто во лошо загреаните домови, секоја зима разболува околу 40 000 луѓе само во Велика Британија.

Многумина го губат животот поради срцеви или мозочни удари, поради предолго изложување на ниски собни темепратури (18 степени или пониско).

Крвните садови на ниски температури се стегаат, бидејќи телото се обидува да ја сочува својата телеснат температура од околу 36-37 степени.

Тоа значи дека срцето мора посилно да ја пумпа крвта, за таа да може да циркулира низ вака стеснатите крвни садови, со што доаѓа до зголемување на крвниот притисок. На овој начин се зголемува ризикот од мозочен и срцев удар кај лицата кои веќе имаат срцеви заболувања.

Она што не е до крај објаснето, е дали “претчувањето” без капут или со влажна коса кога надвор е “минус”, може да претставува ризик за здравите луѓе.

Направените истражувања потврдуваат дека риновирусите кои предизвикуваат настинки, многу побрзо и поефикасно се размножуваат и развиваат кога темепратурата во носната шуплина нагло ќе се спушти (во овој случај тоа е за околу 33 степени, во однос на вообичаената телесна температура од 37 степени).

Овој пад на температурата се случува во екстремитетите, во носот, а тоа е поради наглото преминување од топла просторија на надворешниот студ.

Студијата од 2015 година открила дека вирусите “цветаат” на пониски температури, делумно затоа што имунилошкиот систем на телото помалку произведува протеини за уништување на инванзивните организм кога условите се поладни.

-Колку температурата е пониска, толку нашиот имунитет има намалена способност да се избори со вирусите – велат истражувачите.

Со други зборови, советите на нашите мајки и баби, дека треба да се завиткаме од глава до пети во топло за да не настинеме, имаат научна потврда.