Ѓаволскиот мост: Преку него не смее да се помине, а од далечина сите му се восхитуваат

743

Мостот е сокриен во природата на паркот Кромлауер во Германија. Неговата изградба ја наредил витезот од градот Кромлау во 1860-та година. Народот го градел од камења кои го пронашле во окружението.

Мостот е познат под името Ракоцбрук или Ѓаволски мост, што е заслуга на верувањата на народот. Бидејќи мостот бил направен без потпора, а има само еден многу тенок лак колку за правилен облик, односно со одразот во водата да сочинува совршен круг, народот заклучил дека такво нешто мора да биде дело на ѓаволот.

View this post on Instagram

The famous Devil’s bridge. #travel

A post shared by LL (@__.travelwithme.__) on

Верувањето дека мостот го градел некаков демон го потврдуваат и базалтните карпи кои се наоѓаат на двата краја од реката како украси. А бидејќи мостот не бил безбеден ни за минување, несреќите биле “дело на злобните сили”.

Денес минувањето на мостот преку реката е забранет, за истиот да биде што подолго сочуван и во што подобра состојба, а на туристите тоа не им пречи бидејќи за да се види убавината на мостот и совршениот круг кој го прави, треба да се гледа од далечина.