(Видео) Американка го снимила убиецот пред да умре, ѝ го покажал куршумот со кој ќе ја убие

1458

Во последните моменти од животот девојка од Мичиген успеала со својот мобилен да сними потресно видео од своето момче како ѝ се заканува дека ќе ја убие покажувајќи ѝ куршум наменет за неа.

Индија Мекеј била застрелана и убиена само еден ден по прославата на својот 20-ти роденден. Нејзиното момче, 18-годишниот Кевин Диксон, е уапсен и обвинет за убиство од прв степен, како и за тајно носење огнено оружје.

 

Мекеј била убиена во вторникот околу 17.30 часот по локално време во предградие на Детроит. Според информации од полициската станица, таа била застрелана за време на расправија додека со Диксон седела во комбе паркирано пред неговата куќа.

Жртвата во тој момент го извадила својот мобилен телефон и почнала да го снима Диксон, кој седел на совозачкото седиште со пиштол во скутот. Исто така, снимила и како ѝ го покажува куршумот со кој ќе ја застрела.

„Мислиш дека се шегувам, а?“, се слуша како зборува Диксон во снимката објавена од обвинителството.

На видеото се гледа како тој ги брише отпечатоците од прстите на куршумот и го става во пиштолот.

Обвинителот Ерик Смит на првото рочиште рече дека Диксон ја исполнил својата закана набргу убивајќи ја Индија Мекеј.

Полицијата го уапсила Диксон, а тој наводно го искористил мобилниот телефон на жртвата за да се јави кај мајка си и да ја замоли да му помогне да се ослободи од оружјето, појасни Смит.

Кога Диксон се појавил на суд, побарал од судијата да го ослободи бидејќи само што почнал да работи нова работа. Судијата го одбил неговото барање и му одредил притвор, без можност за кауција.