Пендаровски: Мене ми е жал што македонската младина ги знае сите фудбалери и пејачи од Србија, но не и од Бугаријa

661

Зошто пругата не е направена, зошто автопатот не е направен. Три и пол саата ние одиме 220 километри од Софија до Скопје, идентичната бројка, не знам дали ја знаете, имаме од Скопје до Солун. Меѓутоа, тоа се минува за саат и пол, а за вас треба три и пол саата, за таа делница.

Значи, тука е грешката на политичарите. Мене ми е жал, меѓутоа ден денеска македонската младина ги знае сите фудбалери и сите турбо-фолк ѕвезди од Србија, не знае ниеден спортист, ниеден глумец од соседна Бугарија.Тие не знаат ниту еден грчки артист или спортисти, исто така. И да не зборувам за Косово и Албанија.

Тоа е грешка на политичарите. Не може да кажеме дека не е време. За да дојде времето ти треба како политичар да правиш амбиент. Ние не сме правеле амбиент досега, со два-три исклучока. И Љубчо Георгиевски исто размислуваше нестандардно, но не направи нестандардни политички потези. Политичарите мора да прават амбиент, да креираат ситуација во која ќе биде нормално да кажеш, па стварно зошто не сме отишле во Софија никогаш, зошто?

За овие 30 години ние не направивме инфраструктура кон Бугарија, немаме автопат и до Приштина. Така не ја направиме ниту човечката инфраструктура, ниту историската нова инфраструктура. Зашто? Затоа што имавме профили на политичари во сите тие промени и транзиции на власта какви што ги опишувавме до пред малку. Знаете, да направевме ние модерен автопат кон Софија ние многу подлабоко ќе навлезевме во расчистувањето на историските магли…