Овој тинтура ја приготвувам за да го прочистам организмот, за повеќе енергија и да го покачам нивото на железо во организмот.
Ја полнам теглата со околу две шаки свежо набрана коприна или сува ако немам свежа и ја преливам со 70% алкохол купен од аптека. По моженост теглата треба да биде темна, односно завиткана со фолија. Се чува на темно место 3 седмици по што се процедува и се пие трипати дневно по 15 капки. Помага за многу различни тегоби и болести.
Ако ги прочитате искуствата на луѓето кои користеле тинктура од коприва, ќе забележите дека дефинитивно не станува збор за преценет производ, бидејќи освен што докажано помага при опаѓање на косата, помага и кај други тегоби, на пример анемија.
Со оглед на тоа дека станува збор за природен производ без штетни хемикалии, не треба да се грижите дека ќе го наруши здравјето на другите органи како што е случај со други производи кои се рекламираат за намалување на опаѓањето на косата.
Не само што нема да го наруши здравјето на другите органи, туку и ќе помогне во работата на бубрезите, респираторниот систем, ќе го алкализира телото, ќе ја прочисти крвта итн.
Копривата освен што важи за една од најлековитите билки, распространете е на нашите простори и нејзината лековитост е позната. Иако традиционално се користела за лекување на бубрези, простата (корен), коски и крв, денес е најпопуларна како природен лек против опаѓање и побрз раст на косата.
Навистина постои причина за тоа, бидејќи сите што ја пробале тинктурата од коприва – забележале подобрување. Причините за тоа се повеќе: од една страна, богата е со витамини и минерали кои и се потребни на косата за да биде силна и здрава, а од друга страна ја подобрува циркулацијата, што значи дека тие витамини и минерали полесно доаѓаат до коренот на косата.