Откако пред речиси 10 години се разделија, една од најпопуларните женски групи – “The Pussycat Dolls” повторно настапија заедно во емисијата “X Factor”.
Тие биле премногу возбудени за настапот, а Никол Шерцингер којa инаку е дел од жирито на емисијата, нагласила дека ова е само почеток.
“Беше одлично повторно да настапиме заедно. Енергијата од публиката беше неверојатна и нè поттикна да продолжиме понатаму”, изјавила сексапилната пејачка.
Шерцингер по 10 години се врати на сцената со Кимберли Вајат, Ешли Робертс, Кармит Бачар и Џесика Сутa.

“Каква енергија! Чиста магија, како воопшто да не поминало време. Неверојатно е повторно да се биде на сцена со своите девојки, на потполно ново ниво”, изјавила Кармин.
Девојките блескале на сцената, а Никол ја воодушевила публиката со чипкастиот комбинезон кој ги истакнувал нејзините облини, а целиот изглед го надополнила со чизми и гламурозна шминка.

Помеѓу останатото, “The Pussycat Dolls” планираат и турнеја како дел од своето враќање на музичката сцена. Странските медиуми пишуваат дека турнејата ќе биде огромна, а девојките ќе ги пејат своите најголеми хитови, но се споменуваат и некои нови песни.