МВР со детали за апсењето на напаѓачите во Палас

823

Од МВР вечерва потврдија дека приведени се две лица поврзани со пукањето во Александар Палас, но повеќе детали не откриваат.

Велат дека во тек е опсежна полициска операција.

-Изминатото деноноќие полицијата превзеде оперативно такитчки активности со цел расветлување на настанот во А. Палас. Приведени се две лица кои се поврзани со овој настан и со кои се обавуваат истражни разговори. Со оглед на тоа дека станува збор за опсежна полициска операција која е во тек, во овој момент детали нема да бидат соопштени, велат од МВР.