ОФИЦИЈАЛНО: Следното Светско првенство нема да се игра на лето- ФИФА соопшти во кој период ќе се одржи Мундијалот во Катар

907

Следното Светско првенство во фудбал нема да се игра на лето, туку ќе се игра во зимскиот период, кога температурите во Европа се ниски, но ситуацијата не е таква во државата каде што ќе се одржи Мундијалот.

Катар е домаќин на Светското првенство во фудбал во 2022 година, а поради превисоките температури кои се во јуни и јули, кога традиционално се одржува Мундијалот, ова првенство ќе биде преместено во месеците ноември и декември.

Собирот на најдобрите светски репрезентации во Катар ќе се одржи од 21-ри ноември до 18-ти декември.