Пандов: Во оваа вукојебина најголем грев е да си патриот!

622

Статус на Александар Пандов:

Во оваа вукојебина, после цел криминал и грабеж, убиства и рекетирања, бришење на историја и идентитет, најголем грев е да си патриот.

Ако си без кичма и образ, гмизавец кој безсрамно се лигави и пуши, тогаш ти ќе бидеш награден и како таков те очекува блескава кариера. Ако си бранител и патриот во Македонија те очекува пекол.

Правник не сум, но треба ли човек да биде правник за да му биде јасно дека ова е селективна правда. Каква е таа правда и правдина во која Крсто и Сашо денес си седат по дома со топлинки на нозете, појачани со тендери и патни трошкови од буџетот, а браќата кои влегоа во Собрание да се мрзнат по затвори осудени за тероризам? Прашувам каде го има ова, вака ли е во НАТО и ЕУ?

Која е пораката за народот, прај што ќе правиш важно бидете предавници и слуги ако сакате да бидете вреднувани и наградени, а башка влакно да не ви фали на главата? И обратно од друга страна, биди патриот и бранител, бори се за Македонија и Македоноштина, па ќе видиш колку години затвор ќе добиеш.

Тешко, многу тешко е да се живее во општество со вака искривени вредности. Меѓутоа мене, оваа неправда која им е нанесена на патриотите и уставобранителите од 27 Април ми е мотив и ми дава сила да уште пожестоко се борам против заевиов режим и хунта. Правда и слобода за браќата мора да има и ќе има!

#СлободаЗаПатриотите