И ВО ГЕРМАНИЈА НЕ Е КАКО ШТО БЕШЕ: Додека Балканците одат на работа во Германија, Германците заминуваат во Швајцарија

693

Последниве неколку години голем број на Балканци заминуваат на работа во Германија. Повисоките плати се главна причина што се одлучуваат на таков чекор и покрај големите трошоци за живот. Пресметките покажуваат дека и покрај се, им остануваат доволни пари за пристојна живеачка.

Но, се поголем дел на Германци се одлучуваат да ја нaпуштaт родната земја. Околу 200.000 Германци за неколку години се преселиле во соседната Швајцарија. Најчесто станува збор за високо образовани луѓе кои таму земаат речиси двојно поголема плата. Најголем дел се доктори и ИТ експерти.