Тереза Меј: Трамп ме советуваше да ја тужам ЕУ

870

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја советувал да ја тужи Европската унија во рамките на стратегијата за Брегзит.

– Тој ми рече дека треба да ја тужам ЕУ, а не да преговарам, изјави Меј за Би-Би-Си.

Трамп во петокот на заедничката прес-конференција со Меј рече дека на британската премиерка и дал предлог, не прецизирајќи каков, кој таа го оценила како премногу брутален.