Третата најмала држава на светот, веднаш по Ватикан и Монако, е Република Науру, која воедно е и најнепосетена држава.
Науру има површина од вкупно 21,3 километри квадратни, а иако е многу убава островска држава, туристите таму се многу ретко присутни.
Науру се наоѓа во Микронезија во Океанија, на само 43 километри од екваторот, но ни тропските температури не успеваат да привлечат туристи, а за тоа најголем виновник е туристичката инфраструктура, која речиси и да не постои.
Тоа што Науру го прави необичен е тоа што нема главен град, всушност воопшто нема градови. Доколку слушнете дека Јарен се наведува како град, тоа е всушност само еден од 14-те административни дистрикти.
Државата Науру е всушност атол, корален остров како Малдивите, која се наоѓа на врвот на подводен изгасен вулкан, а највискиот врв се наоѓа на 60 метри над нивото на морето.
На островот освен морски птици и инсекти нема диви животни, а може да се видат само уште мачки, кучиња и свињи кои се донесени од други острови. Кога станува збор за растителниот свет, на островот има кокосови палми, смокви, хибискус.
Природата на островот е видно уништена поради рударството, поточно експлоатацијата на фосфат. На самиот остров живеат голем број на странци кои работат како доктори, инженери и менаџери. Од 10.000 жители, околу 3.000 се странци, а просечната старост е 55 години.
Науру важи и за држава со најголем процент на дебелина, а храната не ја одгледуваат сами, туку ја увезуваат во главно до Австралија.