Москва вели дека Ердоган не го наредил соборувањето на рускиот авион: Се раководиме со тврдењето на Турција дека други го наредиле тоа

694

Москва поаѓа од фактот дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган не издал наредба за напад на рускиот авион “Sukhoi Su-24” во Сирија 2015-та година, изјавил денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

“Се раководиме според соопштенијата на Турција, вклучувајќи ги и јавните, дека други луѓе го нарачале соборувањето на рускиот авион”, рекол Песков, пренесува “Itar Tass”.

Запрашан за ставот на Кремљ за наводите дека Ердоган можел да ја издаде наредбата, Песков истакнал дека изворот на тие гласини е најасен и дека е тешко да се каже дали тие гласини се точни.

Кон крајот на ноември 2015-та година, турскиот борбен авион F-16 го соборил рускиот Sukhoi во Сирија, и притоа загинал еден пилот, а еден бил спасен.