НАСА веќе знае што ќе направи во случај на “Судниот ден“ – сценариото на удар на астероид во планетата Земја.
Агенцијата НАСА и ФЕМА одговорни се да го известат светот доколку постои опасност од џиновски астероид кој би удрил во Земјата.
Тие агенции спровеле многубројни симулации и тестирани сценарија на “Судниот ден“ за, доколку дојде до тој ден, да бидеме што е можно повеќе подготвени.
Тоа пред сè се однесува на подготвеноста на навремено воочување и можно уништување од смртоносен астероид.
„Не е работата во тоа дали сакаме туку кога ќе се соочиме со таков случај“ – вели Ромас Цурбухен од НАСА.
Иако се подготвени, научниците истакнуваат дека можноста од остварување на сценариото “Судниот ден“ е мала.
Според НАСА, астероидот широк околу 1.6 километри во Земјата удира само еднаш во милион години.
Во проекцијата спасување, заштитата на човештвото е приоритет , а астероидот веројатно би се уништувал со ласери.
Постои можност на забранети вселенски летала во астероидот како и детонирање на астероидот со бомба (без оглед на тоа дали е нуклеарна или класична) за тој да се тргне од патот или пак да се распарчи на помали, значително безопасни парчиња.