ВИДЕО: Жив резил – срамна симулација ја разбранува фудбалска Португалија

696

Португалската јавност е шокирана од срамната симулација на фудбалерот на Портимонензе, Вилијам Роча во дуелот со Спортинг Лисабон од Лига Купот на Португалија. Имено, во време на напредна технологија во фудбалот, фудбалерот на Спортинг Јаник Боласи заработи втор жолт картон и беше исклучен за нешто што не е казниво.

По еден физички дуел домашниот фудбалер падна како покосен, гестикулирајќи дека добил удар во лицето, а ривалот не го ни допре во тој предел од телото. Со оглед на тоа што нема ВАР во ова натпреварување, судиите го исклучија гостинскиот фудбалер, а домашниот остана неказнет.

Португалската јавност засилено бара казна за симулаторот, а Спортинг најави жалба за исклучениот Боласи.

Спортинг и покрај исклучувањето, го совлада Портимонензе со 2-4.