Турското Министерство за одбрана за црногорската армија ќе донира опрема со приближна вредност од 15,5 милиони евра во следните пет години.
Турската амбасада во Подгорица потсетува дека Турција и Црна Гора потпишале многу воени договори, вклучително и Рамковниот договор за соработка во сферите на воената обука, технологија и наука во 2014 година и Договорот за соработка во областа на воената индустрија во 2017 година, пренесуваат црногорските медиуми.
„Договорот за воена финансиска соработка обезбедува помош во вредност од 100.000 милиони турски лири (околу 15 милиони евра) во модернизација на вооружените сили на Црна Гора, а Протоколот за финансиска помош предвидува 3,5 милиони турски лири (околу половина милион евра) за обука на црногорската војска. Средствата нема да бидат распределени наеднаш, туку постепено, за периодот 2020-2024 година“, велат од турската амбасада.
Како што се додава, договорите не предвидуваат директен трансфер на пари.
„На списокот прво ќе се најде воената опрема која е потребна за црногорското Министерство за одбрана. После тоа, црногорските власти ќе ги посетат турските компании од воената индустрија за да одберат најсоодветна опрема. На крајот, набавката на опремата ќе ја реализира турското Министерство за национална одбрана“, велат во амбасадата.