NBA колумна на Димитар Младеновски – Дали New York конечно ке добие ѕвезда?

1231

Од медиумите ширум С.А.Д. како и од спортските познавачи, деновиве се појави една информација која и тоа како е интересна. По катастрофалниот старт на сезоната од 8 победи и дури 24 порази, тимот на New York Knicks е спремен да направи големи промени. По отпуштањето на тренерот David Fizdale, дојде време за рокади и во играчкиот кадар. Како најново засилување за тимот од “големото јаболко” се споменува ултра талентираниот крилен центар на Minnesota Timberwolves, Karl Anthony Towns.

24 годишниот All Star играч на тимот од Минеаполис има фрустрирачка сезона исполнета со разочарувања. Токму престижниот New York Post наведува дека сега е прав момент да се атакува на “КАТ, и да се доведе нова ѕвезда во New York. Aко им се верува на информациите кој стигнуваат се почесто, ниту Towns би немал ништо против да игра во Madison Square Garden. Како проблем за реализација на овој трансфер би претставувало она кое за возврат го бара Минесота при евентуален трејд. Доколку се откаже од својата најголема ѕвезда, “волците” за возврат бараат обемен пакет во кој би биле вклучени перспективниот центар Mitchell Robinson, експлозивниот бек Dennis Smith Junior, крилото Kevin Knox како и третиот пик на минатогодишниот драфт R.J. Barret (плус 2 пика од првата рунда од драфтот следните години). Дури и “никси” да се решат да ризикуваат и да ги удоволат желбите на Минесота, во тој случај за трансферот да се реализира ке биде потребно да ги превземат договорите на поранешниот All Star бек Jeff Teague, Сенегалскиот центар Gorgui Deng како и дефанзивно ориентираното крило Robert Covington.

Karl Anthony Towns беше избран како прв пик на драфтот 2015 година од Minnesota. За поранешниот репрезентативец на Порторико ова е 5 NBA сезона, и статистички најдобра досега. Во својата млада професионална кариера веќе 2 пати беше избран за All Star. Важи за еден од најквалитетните високи играчи во Светот.

NBA FAN 

Димитар Младеновски