Од работничка во ресторан до Плејбој модел – фотографијата од нејзината младост ќе ве изненади

714

25-годишната Аманда Никол Мартин од Лас Вегас заработува по 700.000 евра годишно работејќи во модната индустрија.

Завршила студии, а низ годините наназад работела во ресторан за брза храна…

Плејбој моделот Аманда, денес е препознатлива по својата сексапилна фигура со која заработува огромна сума пари.

Манекенката ја стекнала славата на Инстаграм и така себеси си обезбедила работа во моделингот, меѓутоа оваа млада жена немала отсекогаш гламурозна кариера како сега.

Аманда, која поради убавината често ја споредуваат со актерката Скарлет Јохансон споделила фотографија на која може да видиме како изгледала пред 18 години кога работела во некој ресторан за брза храна.

Наместо, совршена, долга коса таа има пунџа, а нејзиното лице е без шминка и носи работна униформа. Сигурни сме дека никој не би ја препознал дека тоа е токму таа или пак би нашол некоја сличност меѓу тие фотографии со нејзиниот денешен изглед.

„Фотографијата ја направи мојата мајка, а настана на мојот прв ден на работа кога имав 18 години. Работев цело лето пред да почнам на факултет и постојано косата ми беше таква“ – открива оваа млада жена.

Аманда работела во ресторан за брза храна за да заработи дополнителен џепарлак и да се подготви за студиите, а интересно е тоа што една година подоцна таа се венчала за колега од работа.

„Шефот беше ужасен, колегите постојано правеа драма и искрено не беа претерано интелигентни, но всушност тогаш успеав да го запознам мојот сопруг“ – искрено открила младата дама.

Аманда со сите ја споделила оваа фотографија за да им докаже на луѓето дека и тие можат да го најдат вистинскиот пат до успехот и да бидат среќни.

Таа истакнува дека е благодарна на сите искуства кои ги имала во животот затоа што само преку нив станала тоа што е денес.

„Сакам да погледнам наназад затоа што со својот пат докажав колку брзо секој може да го промени својот живот. Тоа ми дава надеж дека иднината ќе ми биде многу поубава и се надевам дека со мојата приказна ќе ги инспирирам и другите луѓе ширум светот“ – заклучила таа.