Камера го сними вооружениот напад во Тексас: Погледнете како напаѓачот отвори оган во црквата

740

Две лица беа убиени во црква во Вајт Сетлмент во американската сојузна држава Тексас, а еден од нив е напаѓачот.

До вооружениот напад дошло во околу 11:30 часот по локално време, а надзорните камери го снимија инцидентот. Инаку, сето тоа се пренесувало во живо и на YouTube, па многу луѓе можеле да го видат нападот во живо на интернет

На видеото подолу може да се види како човекот започнува да пука додека сите седат мирно, по што сите потоа се наведнуваат под клупите. Набрзо потоа напаѓачот бил совладан, односно застрелан од обезбедувањето.

Засега не е познат мотивот за нападот во црквата во Тексас.