NBA колумна на Димитар Младеновски – Michael Jordan е неповторлив (ВИДЕО)

791

Секој кој е љубител на спортска опрема а посебно на патики ја знае големината на Jordan brand. Предводена и во сопственост на најголемиот кошаркар кој некогаш се појавил, Michael Jordan, оваа “линија” на Nike стана синоним за квалитет. Речиси подеднакво легендарна стана компанијата на “летачкиот” како и самиот негов лик и дело.

Еден од најпопуларните модели кој Nike ги пуштил во продажба е “Air Jordan 12”. Овој необичен модел за прв пат се појави за време на сезоната 1996-1997. Во тој период M.J. и Bulls-и беа во поход кон својата 5-та титула (која на крајот на сезоната ке ја освојат). Токму овој период за многумина претставува “златна ера” на кошарката. Од 1991 до 1998 година, тимот на Chicago на чело со Michael Jordan освојува вкупно 6 титули во период од 8 години. Во продолжение следува видео на најубавите моменти на најголемиот кошаркар на сите времиња, токму во легендарната “12-кa”.

NBA FAN 

Димитар Младеновски