Радарот снимил камион како вози брзо по автопат: Кога ги погледнале снимките, оваа сцена ги шокирала полицајците

845

Германската полиција била прилично шокирана кога ги прегледала камерите за контрола на брзината во Есен.

Имено, еден камион возел 21 километар на час повеќе од тоа што е дозволено. Кога полицајците ја виделе снимката од камионот на патот, возач воопшто немало.

Возачот на камионот ја видел камерата, па бидејќи не успеал да ја намали брзината на време, одлучил да се сокрие.

“Возачот се наведнал па не се видел на камерата. Навистина е снаодлив, но идејата сепак не му е добра. Требало да знае дека камерата ќе ја сними и регистрацијата”, објавила полицијата.

Возачот сепак го чека казна бидејќи ги загрозил останатите учесници во сообраќајот. Околу 100 метри возел така сокриен, односно, не гледал каде вози, така што вистинска среќа е што не предизвикал некоја несреќа.