За Ивандер “Тhe real deal” Холифилд може да се пишува многу. Од 1984 па се до 2011 година, овој прекален воин успеа да покаже што значи дисциплина и напорна работа. Роден со срцева маана која му ја констатираа во текот на кариерата, не дозволи да му биде пречка во повеќе наврати да ја освојува светската боксерска круна (и тоа во две различни категории).
Можеби најпознат по неговите борби со легендарниот Мајк Тајсон, во 1996 и реваншот во 1997 година. Ништо помалку интересни не беа ни неговите две епски борби против британскиот шампион Ленокс Луис, како и крвавите пресметки со Џон Руиз, Ридик Боу, Мајкл Мур, како и ветераните Лери Холмс и Џорџ Формен.
Во прилог следува видео во кое накратко, ја опишува кариерата на “воинот од Eјтмор”.
Димитар Младеновски