Се појави видео во кое принцот Хари го моли шефот на Дизни да ја вработи Меган

639

Војвотката од Сасекс и сопругата на британскиот принц Хари, Меган Маркл се согласи да и го позајми својот глас на филмската компанија Дизни.

Како што вели „Дејли Меил“  , британскиот принц Хари морал да го замоли директорот на Дизни за оваа работа.

Според весникот, на премиерата на „The Lion King“ во Лондон во јули минатата година, војводата од Сасекс ја искористил можноста да му укаже на Ајгер дека неговата сопруга е заинтересирана да го позајми гласот во еден од анимираните филмови.

„Дали знаете дека таа може да позајмува глас?“, го праша Хари, Ајгер во видеото, кое е снимено од еден обожавател.

„Таа е навистина заинтересирана“, продолжи принцот, на што рече директорот на Дизни кажа, „Би можеле да се обидеме. Тоа е одлична идеја“.

„Британски тајмс“ вчера објави дека Меган потпишала договор со Дизни за да позајми глас во замена за донација на добротворната организација за заштита на животните од ловокрадците „Elephants Without Border“.

Видеата можете да ги видите на овој ЛИНК!