Редовно сме во потрага по стилски формули за секој ден, кој ќе ги стават стилскиот акцент на поединечни основни парчиња облека кои ги бираме, но истовремено ќе ја направат повозбудлива новата модна сезона.
Двете основни парчиња облека кои ги имаме во ормарот и кои се наш стилски адут веќе со години, заедно креираат ефектен изглед кој може да се носи во текот на целата недела. Станува збор за комбинација од омилените фармерки и патики кои одлично ќе се вклопат во брзиот дневен распоред.
Со оглед на тоа што трендот на спортското облекување кој ја спојува удобноста со модерните модни додатоци е и понатаму популарен, на уличната сцена патиките се редовен “гостин”, особено кога доаѓаат во друштво на џинс и дуксери или елек. Нив можете да ги носите и со романтични блузи, кошули, тексас јакна, како и ролки.

Секоја од овие стилски формули ќе биде само едно продолжение на вашиот стилски израз и ќе ви обезбедат шик изглед. Овие комбинации и го потврдуваат тоа!








