“Прениско летате, мора да ја зголемите брзината”: Се појави аудио снимка од разговорот со пилотот пред падот на хеликоптерот

814

Неколку часа по стравичната трагедија во која животот го загуби Коби Брајант и уште 8 лица, помеѓу кои и неговата ќерка Џијана, се појави аудио снимка од разговорот со пилотот.

Како што наведуваат американските медиуми, пилотот кој управувал со хеликоптерот, поради густата магла барал помош од контролната кула.

Густата магла која натежнала над Лос Анџелес го блокирала авиосообраќајот, но не и хеликоптерот во кој бил Коби Брајант со уште 8 лица, кој и покрај сите предупредувања сепак полетал.

Веднаш било јасно дека поради маглата нема добар преглед, па пилотот побарал помош. На снимката се слуша како од контролната кула велат дека хеликоптерот кружи веќе 15 минути, како и дека бараат некој излез од ситуацијата.

Меѓутоа, американските медиуми пренесуваат дека пилотот направил голема грешка неколку моменти пред несреќата. Тој летал прениско, иако бил предупреден од контролорите на лет и тргнал кон планинскиот дел. Набрзо потоа удрил во планината при брзина од 300 км/ч.

Пилотот го пријавил проблемот со маглата додека летале над зоолошката градина во Лос Анџелес и кружеле најмалку шест пати, летајќи многу ниско на висина од околу 500 метри.

“Морате да ја зголемите брзината, летате прениско”, предупредувале од контролната кула, но пилотот не го чул диспечерот или го изгубил сигналот. Контролорите на лет изгубиле сигнал со хеликоптерот во кој се наоѓал Коби со уште 8 лица, а тоа се случило токму во моментот на несреќата.