Наташа Беквалац: „Веќе не можам да бидам со кукавици кои ме малтретираат!“

797

Наташа Беквалац повторно имаше прилика да зборува за своите животни илузии, а за Еспресо. рс овојпат истакнала колку е навистина добра и пожртвувана мајка. За тешките моменти, љубовта и мажите сега зборувала од друг агол, а на прашањето дали некогаш во животот имала „добри“ пет години поврзани во кои била среќна, пејачката искрено одговорила:

Ма не… не, не, не! Ми кажа пет поврзани години, а јас не можам да најдам пет дена. Јас генерално сум среќна жена, но на дневно ниво имам фази, со својот психолог најчесто зборувам за тоа. Само со некој кој е отворен и кој сака а зборува за тоа, како што сум јас, само со такви луѓе можам да комуницирам, рекла пејачката.

Новосадската барбика која што е често главна медиумска тема поради своите пропаднати бракови ги прокоментирала и односите со мажите.

Имав големи љубови, тоа не можам да го негирам, но дојдов до заклучок дека веќе не можам да бидам со слаби мажи. Дека не можам веќе да се кријам зад тоа. Секако дека е важно каков е како човек. но природно е во тој машко – женски однос јас да бидам жена. Тоа што јас сум направила повеќе од повеќето жени треба да биде преубаво за мојот маж, да биде горд на мене, а не да ме малтретира, тепа, понижува и психички да ме уништува за јас да почнам да се сомневам во мојата убавина и мојата способност како жена, родител, пејачка и се останато. Тој филм веќе никој нема да го гледа, искрено потенцирала Наташа.