Почетна Македонија Забрана за тешки товарни возила на Ѓавато и Гостивар-Маврово-Дебар

Забрана за тешки товарни возила на Ѓавато и Гостивар-Маврово-Дебар

641

Од ЈП Македонијапат информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, на места со остатоци од снег по интервенцијата на дежурните екипи.

Поради врнежи од снег, забрана за тешки товарни возила од синоќа има на патните правци  Гостивар-Маврово-Дебар, а од 3:30 часот е воведена забрана на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

Од ЈП Македонијапат информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, на места со остатоци од снег по интервенцијата на дежурните екипи.

Снег врне во северниот, западнит и југозападниот дел од Републиката.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот./МИА