Заврши четвртата, можеби ќе има и 5-та сезона, но ова немавте прилика да го видите на ТВ: Ѕирнете зад камерите на „Преспав“

742

Пред неполн месец заврши четврта сезона на македонскиот сиктом „Преспав“.

Актерите со нивните ликови во серијата успеа уште еднаш да го привлечат вниманието на публиката и да ги срушат сите рекорди.

Талат, Ула, Марио, инспектор Томе, Јелена од Драчево, Исаура, Коста…сите со свои карактеристики успеа да ја насмеат публиката, но и да го задржат нејзиното внимание.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ЈУТУБ

На ТВ екраните имаме прилика да го гледаме крајниот резултат од снимањата, но зад камерите се случуваат и многу „грешки“ и смешни моменти.

Такви смешни случки имаше токму во „Преспав“, па актерите освен што снимаа, имаа прилика и да се дружат и да се смеат.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ

Меѓутоа, дефинитивно најсмешен е ликот на Талат кој го игра актерот Дритон Вејсели.

Во продолжение погледнете го „making off“ на „Преспав“:

Инаку, фановите веднаш започнаа и со прашања дали можеби ќе има и петта сезона, а одговорот гласеше:

„Олабавете другари, сите сакаме да има петта и пееста сезона“, гласи коментарот од „Пансион Преспав“.

Па, дали ќе има уште една сезона на „Преспав“ останува да видиме.