Јапонецот кој обожува слатки работи и верува дека насмевката е лековита, денес стана најстариот човек на светот затоа што има точно 112 години и 344 денови, што е официјален податок од Гинисовата книга на рекорди.
Ветанабе е роден во Нигати, на север од Јапонија во 1907-та година и добил сертификат за “најстар човек на светот“. Тој инаку живее во дом за стари лица во градот во кој што е роден.
Претходниот рекорд за животен век го држел Јапонецот Масазо Нонакас, кој починал минатиот месец.
Најстарата жена исто така е Јапонка, Кане Танака која има 117 години.
До пред десет години, Ватанба се занимавал со одгледување бонсаи и учествувал на изложби за минијатурни дрвца.
Ватанабе завршил училиште за земјоделство, а потоа се преселил на Тајван каде што работел на плантажи за шеќер. На Тајван живеел 18 години, се венчал со Митсуе и имале 5 деца.
По Втората светска војна во Ватанабе се вратил во Нигату и работел за локалните власти сè до неговото пензионирање. Во слободно време одгледувал овошје и зеленчук на подрачјето на семејната фарма.
Кога го прашале во што е тајната на неговата долговечност, Ватанабе им рекол “никогаш да не се лутат и секогаш да се смеат“.