Зарем има нешто поубаво од времето поминато заедно со семејството, особено за време на летните или зимските одмори, празниците, но и во оние сосема обични денови.
Пејачката Тијана Дапчевик секоја слободна прилика ја користи да биде заедно со сопругот и синчето Вук, а не ги исклучува ниту честите посети на Скопје, каде се нејзините родители, сестрата Тамара, внуците, роднините…
Овој зимски период Тијана го користи одморајќи се на Копаоник заедно со сопругот и синот, а оттаму редовно на социјалните мрежи објавува по некоја фотографија и видео.
Нејзиниот нескротлив дух не ја остава размодушна за забава, па така Тијана со ракија во рака во знак на здравица, ја пееше среде Копаоник „Јовано Јованке“.
Во изведбата и се приклучија и музичари кои свиреа во живо, а Тијана беше атракција меѓу присутните.
Животот е еден, а Тијана знае како да го живее, да го наполни своето, но и срцето на другите.