Панама, Сејшели, Кајмански острови и Палау се земјите кои е додадени на „црната листа“ даночни раеви.
Тие се најдоа на оваа листа „благодарение“ на министрите за финансии на Европската унија а како што се наведува во еден документ на Европската унија објавен деновиве, на Турција, и покрај недостатоците, и е дадено повеќе време за да ја прилагоди регулативата и да избегне да биде зацврстена на листата.
Листата, направена во 2017 година, по откривањето на широко распространетиот систем за затајување и избегнување данок кој го користат странски фирми и богати поединци за да ги намалат своите даночни обврски, сега опфаќа 12 јурисдикции, пренесе Ројтерс.
Фиџи, Оман, Самоа, Тринидад и Тобаго, Република Вануато и три американски територии – Американска Самоа, Гуам и Девствените острови се исто така на оваа црна листа.