Од продажбата на „Гранд“ заработија 30 милиони евра – Сега Саша отвара фабрика за хармоники, а Брена гради згради

724

Саша Поповиќ и Лепа Брена од продажбата на „Гранд“ заработија 30 милиони евра, а сега тие пари ги вложуваат во приватни бизниси.

Имено, Лепа Брена гради зграда во еден ексклузивен комплекс во Црна Гора, додека, пак, Саша отвара фабрика за хармоники.

Сале почна да ја гради кариерата како хармоникаш, па не не чуди што реши да вложува во ваков бизнис. Минатата година за време на одморот во Италија ја посети оваа фабрика, многу му се допадна и сега реши да ја купи, открил извор за српски „Курир“.

Неодамна ја заврши сета потребна папирологија и сега фабриката е на негово име. Ги ангажираше најдобдите експерти за производство затоа што планира да ги прави најдобрите хармоники во светот, додал изворот.

За разлика од Поповиќ, Брена инвестира во два нови бизниси.

Едниот е изградба на згради, а другиот е винарија.