Жените се плашат да не е сериски убиец, а мажите се молат во живо да не е дебела – еве како стојат работите во сингл светот

590

Забавувањето, врските, машко-женските пријателства воопшто имаат многу интересни факти, докажува неодамнешно истражување.

На пример, дури 89 отсто од младите мажи обожуваат да излегуваат со постари жени, додека во потрагата многу им е важно жената да не е дебела.

Од друга страна, жените многу ги привлекуваат мажи кои се точно 6 години постари од нив, а како што се наведува – многумина тврдат дека никогаш не се опоравуваат од љубовниот крах, без оглед на тоа што се верува дека времето лечи сè.

Еве што сè открило истражувањето за машко-женските односи на 1000 испитаници:

 Дури 95 отсто од мажите сакаат девојката да го направи првиот чекор во кафуле, односно во ноќен клуб;

 6 отсто од жените пак, сметаат дека всушност никогаш не се опоравуваме од љубовниот крах;

– Околу 89 отсто од помладите мажи сакаат да излегуваат со постари жени, бидејќи сметаат дека се многу поискусни во сексот;

– Жените раскинуваат почесто од мажите;

– Мажите стануваат поглупави за момент кога ќе погледнат атрактивна жена;

– Жените во просек најмногу ги привлекуваат мажи кои се 6 години постари од нив;

– Дури 39 отсто од жените попрвин би се откажале од секс на една година, отколку од омилената храна;

– Кога станува збор за запознавање преку интернет, жените најмногу се плашат дека нивниот партнер за излегување ќе биде сериски убиец, додека кај мажите е присутен страв дека партнерката во живо ќе биде дебела;

– Од 1000 сингл мажи, 73 отсто изјавиле дека примарен интерес им е да пронајдат некого за долга врска;

– Околу 57 отсто од сингл испитаниците сметаат дека размислувањето за поранешниот партнер ги спречува во пронаоѓање нова врска;

– Дури 64 отсто велат дека го промениле изгледот после раскинувањето.