Чудесно млеко за долговечност: Лекува многу здравствени проблеми, но еве кој не смее да го консумира!

676

Поради изобилството од хранливи материи и пробиотици стана попопуларен и од јогуртот

Кефирот е ферментирана напивка што потсетува на јогурт, а богат е со хранливи материи и пробиотици.

Според одредени податоци, оваа напивка е стара повеќе од 1.000 години, а по потекло е од Кавказ.

Кефирот се произведува со ферментација на „кефирни“ зрна, кои потсетуваат на минијатурен карфиол. Овие зрна се состојат од казеински и желатинозни колонии на микроорганизми кои се размножуваат симбиотски. Доминанта микрофлора се Saccharomyces kefir, Torula kefir, Lactobacillus caucasicus, Leuconostoc и млечна стрептокока која се користи во прехранбената индустрија, а присутен е и квасецот. Понекогаш културата на кефирот се нарекува и тибетански или кефирни габи, но кефирот не е габа, туку природни зрна.

Податоци за енергетски вредности

Колку калории може да очекувате од 175 м кефир:

  • калории: 97
  • јаглехидрати: 5-7 г
  • маснотии: 3-6 г (во зависност од користеното млеко)
  • протеини: 4 г
  • калциум: 10% RDI
  • фосфор: 15% RDI
  • витамин Б12: 12% RDI
  • магнезиум: 3% RDI
Придобивки од кефирот за здравјето

Една од причините зошто кефирот последниве години е се’ попопуларен се здравствените придобивки. Содржи многу хранливи состојки, протеини, витамин Б, калиум и калциум.

Калциумот ги зајакнува коските, протеините градат силни мускули, а калиумот е важен за здравјето на срцето.

Меѓутоа, пробиотиците се најголемата здравствена придобивка.

Пробиотиците помагаат при следниве здравствени проблеми:

  • ги подобруваат здравите бактерии во гастроинтестиналниот тракт
  • лекуваат дигестивни проблеми, особено по користење антибиотици
  • лекуваат синдром на нервозни црева или ги ублажуваат нивните симптоми
  • ги намалуваат или спречуваат гастроинтестиналните инфекции или го поттикнуваат нивното успешно заздравување
  • спречуваат или помагаат во лекувањето вагинални инфекции
  • спречуваат или помагаат во лекувањето инфекции на уринарниот систем

Здравствените придобивки на кефирот може да се прошират и надвор од рамките на пробиотиците. Едно истражување покажале дека кефирот го намалува холестеролот и го подобрува имунитетот.

Несакани последици од кефирот и кој не смее да го консумира

Иако консумирањето кефир носи многу здравствени придобивки, можни се и некои несакани последици. Може да се јави констипација и грчеви во стомакот, кои луѓето најчесто ги чувствуваат по првото консумирање кефир.

Кефирот се смета за безбеден за деца на возраст од една до пет години, но најпрво би требало да се консултирате со доктор.

Децата помали од една година не смеат да консумираат млечни производи од кравјо млеко, но затоа смеат да пијат мајчино млеко, кое содржи природни пробиотици.

Луѓето со автоимуни болести исто така треба да разговараат со својот лекар пред да пијат кефир. Иако бактеријата во кефирот е корисна за лицата со добар имунитет, таа може да ги зголеми инфекциите или да ја влоши состојбата кај оние чиј имунолошки систем е надвор од рамнотежа.