Како најатрактивна категорија во боксот, секогаш првенство сме им давале на тешкашите. Но, кога ќе се појави талент со брутален удар и неизмерна желба за победа, се разбира дека ќе посветиме внимание и на останатите дивизии.
Рајан Гарсија, или популарно нарекуван “Мексиканскиот Брус Ли”, е профил на борец кој во никој случај не може да се третира како секојдневна појава. Висок само 178 cm, на веќе 21 година, го покажа својот “фајтерски потенцијал” пред аудиториумот. Она што го прави различен од сите останати конкуренти е комбинацијата од молскавична брзина и моќ во ударите со обете раце, нешто што со децении е раритет во боксот (посебно во лесна категорија). Следува видео од “Флеш” во кое на дело е сиот талент и потенцијал кој го поседува. Уживајте….
Димитар Младеновски