Несекојдневни сцени: Папата сам шета низ пустите улици на Рим, никој не му приоѓа

764

Папата Франциско вчера го напушти Ватикан за да се помоли за починатите од коронавирусот во една црква во италијанскиот главен град Рим.

Првиот човек на Римокатоличката црква најпрвин ја посети познатата римска црква Санта Марија Маџоре, а потоа пешки се упати кон друга црква.

Папата сам шеташе низ пустите улици на Рим, а според фотографиите, верниците не му приоѓаа, затоа што и тие што се нашле во близина, брзале да купат намирници и веднаш да се вратат во своите домови.