Еве што ни се приближува од вселената! НАСА тврди: Каде што овој астериод ќе падне, ќе биде полошо од Хирошима

884

Астероидот кој оди по орбитата која го сече патувањето на Земјата, наскоро ќе се доближи до планетата. На основа на податоците кои ги собрала НАСА, астероидот е доволно голем да создаде голема експлозија во атмосферата, ако дојде до судир со планетата.

Астероидот кој се доближува, а кој моментално го надгледува центарот на НАСА за истражувања на објекти во близина на земјата (CNOES). Според CNOES, астероидот, кој е идентификуван како 2020 EF, моментално се движи кон земјата со брзина од 16.000 километри на час.

CNOES проценил дека астероидот има дијаметар од околу 30 метри.

Според CNOES, 2020 EF е Атен астероид, што значи дека следи природна орбита која го минува Земјиниот пат. Како што е назначено во дијаграмот на НАСА орбитата за 2020 EF, астероидот следи многу широка орбита околу Сонцето и речиси следи иста траекторија како и Земјата. Според пресекот, дијаграмот исто така покажува поголемо приближување меѓу 2020 EF и планетата.

Поради својата големина, 2020 EF најверојатно нема да удри во планетата. Наместо тоа, астероидот веројатно ќе се распадне по влезот во атмосферата и ќе предизвика експлозија на небо.

За жал, тоа не значи дека автоматски судир со 2020 EF нема да биде опасен за Земјата. Како што е покажано за време на експлозија на метеор во 2013-та година над градот Чељабинск во Русија, експлозии во воздухот може да бидат многу опасни.

Во зависност од нивната големина, експлозијата од вселенските карпи може да ослободи енергија еквивалентна на поголем број атомски бомби. Иако поголемиот дел од експлозијата ќе апсорбира атмосферата, преостанатата енергија и натаму би била доволно силна да оштети зграда и да ги повреди луѓето на Земјата.

За среќа, CNEOS забележал дека 2020 EF не е во опасност да ја погоди зЗемјата во текот на своето минување покрај планетата. Се очекува дека астероидот ќе се приближи до Земјата на 18-ти март во 11:15 часот. За тоа време, астероидот ќе лета покрај Земјата со оддалеченост од 0,04241 астрономски единици или на околу 6,5 милиони километри од центарот на планетата.