Солзи и неверување во “Големиот брат”: Учесниците во програма во живо дознале дека во светот беснее коронавирус

660

Натпреварувачите во едно од најпопуларните реални шоу-а на светот, “Big Brother”, во шок ја примиле веста за епидемијата на коронавирусот.

Натпреварувачите на популарното реално шоу на германската верзија на “Големиот брат”, живееле во изолација од надворешниот свет, не знаејќи што се случува околу нив, па така не знаеле ни за ширењето на епидемијата на коронавирусот.

Меѓутоа, продукцијата на шоуто одлучила тоа да им го соопшти во специјална емисија која била емитувана во живо, а натпреварувачите веста ја дочекале во солзи и шок.

Со станарите во куќата разговарал водителот на шоуто, Јошен Шроп и докторот Андреас Канијевски, а натпреварувачите се грижеле за своите членови на семејствата, посебно оние кои имаат здравствени проблеми.

“Ве молам да не паничите и да не се грижите. Вашите семејства се добро”, им порачал водителот.

А потоа им порачал дека редовно ќе ги известува за нивната здравствена состојба додека трае шоуто, а најмногу ги трогнале видео пораките на нивните најблиски.

Шоуто со емитување почнало на почетокот на февруари оваа година, кога коронавирусот уште не се појавил на подрачјето на Европа.