Масовни тестирања на коронавирус во Струга и Скопје

631

Масовни тестирања на корнавирус од понеделник ќе се прават во Скопје, а викендов во Струга и околината. Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека ќе се тестрираат луѓе поврзани со лицата што сега се позитивни на вирусот и луѓе во делови во кои се движеле заразените.

„Целта на масовните скринизи е да ги уловиме групите луѓе кои можеби и не се свесни дека го имаат вирусот. Тоа не може да почне нагло, мора да биде со план, кој епидемиолозите веќе го работат. Оваа недела може да се почне со Струга и околината поради интензивната комуникација со Дебар. Од понеделник, веројатно, ќе може да се почне во Скопје. Ќе се тестрираат лица од делови во кои се движеле пациентите кај кои веќе е потврден вирусот. Се прави план каде тие се движеле географски распоредени во државата. Тестраните мора да имаат некаква индикација, епидемиолошка врска со која било група од досега индицираните“, рече министерот Филипче и нагласи дека е од исклучителна важност рано да ги откријат новите случаи за да не се случи одеднаш да се преполнат одделенијата за интензивна нега, како што тто се случило во Италија.

Министерот вели дека на располагање во моментот имаат околу 1.500 теста, за 1.000 во тек е набавка, а очекуваат и донација од 1.000 теста.

Филипче извести дека досега се направени речиси 400 теста на коронавирус.