Рамноправноста меѓу половите и спречувањето на насилството над жените е долга борба, но никако во целост да биде решено. Но, ова не е проблем само во општествата, туку станува проблем и во светот на спортот. Сепак, на оваа тема спортистките зборуваат или со кнедла во грлото или пак воопшто не зборуваат.
Меѓутоа хрватската тенисерка Маријана Дражиќ е една од оние кој за жал ја искуси и дискриминацијата и насилството, но интересно од сопствениот пол.
Оваа хрватска тенисерка од Макарска, која го бара своето место под тениското небо (629 на ВТА), не се двоумеше да ја подели својата приказна.
БЕВ НА ТУРНИР СО ПРИЈАТЕЛКА И СО НЕА ЈА ДЕЛЕВ СОБАТА, КАКО ШТО ТОА ОДИ ЗАРАДИ ПОМАЛИ ТРОШОЦИ. МЕЃУТОА ЗА ВРЕМЕ НА ТУРНИРОТ ОТКРИВ ДЕКА МНОГУ ОД ТЕНИСЕРКИТЕ ГО САКААТ СОПСТВЕНИОТ ПОЛ ШТО БЕШЕ СЛУЧАЈ И СО МОЈАТА ПРИЈАТЕЛКА. ЈАС ГО ОДОБРУВАВ ТОА И НЕМАВ НИКАКОВ ПРОБЛЕМ ПРОТИВ ТОА, НО НЕЗНАЕЈКИ ВЛЕГОВ ВО ЉУБОВЕН ТРИЈАГОЛНИК, ОТКРИ ХРВАТКАТА МАРИЈАНА ДРАЖИЌ
-Бев на турнир со пријателка и со неа ја делев собата, како што тоа оди заради помали трошоци. Меѓутоа за време на турнирот открив дека многу од тенисерките го сакаат сопствениот пол што беше случај и со мојата пријателка. Јас го одобрував тоа и немав никаков проблем против тоа, но незнаејки влегов во љубовен тријаголник, бидејчи мојата пријателка сакаше да ја направи љубоморна поранешната девојка која на истиот турнир дојде со новата девојка, почна ќерката на поранешниот играч на Хајдук, Дарко Дражиќ.
-Во лобито од хотелот, на пример една девојка ме допираше за коленото, потоа по косата, ми седна во скут, што за мене беше непријатно и и реков да не го прави тоа. Но, подоцна испадна уште поголемо с*ање, бидејќи сите тие лејбијки се здружија против мене, откри Хрватката и додаде:
-Кога го играв својот натпревар, петнаесетина од нив дојдоа на трибините и навиваа против мене. Навистина ми беше непријатно и земав соба само за себе. Имав и нервен слом.
Сепак тенисот е единствениот спорт каде машките и женските натпреварувачи добиваат подеднакви парични награди, но според хрватската тенисерка тука има уште многу задкулисни игри.
-Во тениските кругови се брзо се сознав, па така и дека многу од тенисерките за да си осигураат полесен пат до успехот спијат со директорите на турнирите или се преправаат дека се нивни девојки, па затоа им е осигурана покана или бесплатно сместување, што е одвратно. За среќа до мене вакви понуди не стигнале, заврши хрватската тенисерка.